Денеска Советот на Град Скопје ќе додели помош за настраданите во Турција и Сирија, Гази Баба веќе изгласа 500 илјади денари

Фото: EPA/EFE / YAHYA NEMAH

Советот на Град Скопје во 13 часот ќе одржи вонредна седница на која треба да донесе одлука за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Се предлага да се даде парична помош од по 3 000 000 денари за двете земји, која ќе се реализира преку уплата на средствата на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Парите за оваа намена ќе се обезбедат од градскиот Буџет од ставката за непредвидливи расходи.

Вчера итна седница одржа и Советот на Општина Гази Баба, на која едногласно е донесена Одлука за определување финансиска помош во висина од 500.000 денари за настраданото население во Турција и Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот