Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј

Светиот свештеномаченик Игнатиј

Главното празнување на свети Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архијереј. Кога свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт и фрлен пред ѕверовите во Големиот циркус. Ѕверовите го растргнаа и тој Му ја предаде својата душа на Бога. Тогаш неговите следбеници ги собраа неговите соголени коски, ги пренесоа во Антиохија и чесно ги погребаа. Но кога Персијците ја зазедоа Антиохија во 6 век, моштите на свети Игнатиј повторно ги вратија од Антиохија во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот