Фото:Freepik

Денеска се одбележува Светскиот ден на водата

Светскиот ден на водата се слави секоја година на 22 март. Денот беше усвоен со резолуција на Обединетите нации во декември 1992 година, а официјално се слави од 1993 година. 

Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и одржување на хигиената е неопходна за животот и здравјето.

Таа е од витално значење за намалување на глобалното оптоварување со болести и подобрување на здравјето, благосостојбата и продуктивноста на населението.

Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого. Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена.

Колку ни е важна водата?

Многу луѓе ја земаат водата здраво за готово, бидејќи е лесно достапна и воопшто не се грижат за тоа како и во колкави количини ја трошат, не знаејќи дека ако нема вода тогаш:

  • Нема да постојат услови за одгледување на ниту една земјоделска култура.
  • Нема да постојат соодветни услови за производство на храна.
  • Нема да има индустрија.
  • Нема да има луѓе.
  • Планетата Земја нема да постои бидејќи водата во океаните е природен регулатор на температурата на Земјата.

Водата покрива две третини од површината на планетата Земја, сепак глобалната потрошувачка на вода се зголемува секоја година па не е достапна во изобилие како некогаш.

Што можете да направите за да придонесете за зачувување на водата?

  • Не ја загадувајте околината и не фрлајте ѓубре во потоците, реките и езерата.
  • Кога се туширате, исклучете ја водата кога не ја користите.
  • Додека миете садови, нема потреба водата постојано да тече.
  • Кога ги полевате цвеќињата и дворот, внимавајте на количината на вода која ја трошите.
  • Обидете се да заштедите вода и исклучете ја чешмата секогаш кога водата тече непотребно.

Да ја вреднуваме и цениме водата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот