Денеска нова, онлајн, рунда преговори меѓу Русија и Украина

13,4 отсто од руските граѓани имаат негативен став кон воената инвазија на други земји/EPA-EFE/VITALIY HRABAR

Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат денеска и ќе се одвиваат во форма на видео конференција, изјави Дмитриј Песков, руски преговарач и портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Би-Би-Си јави дека Михаил Подољак, украински преговарач и советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, ја потврди оваа најава од Кремљ.

Во видео објавено на социјалните мрежи, Подољак кажува дека Русија почнала поконструктивно да се ангажира околу преговорите и дека сега „го гледа светот околу себе многу подобро”.

Украинскиот претседател Зеленски вчера изјави дека неговата делегација секојдневно разговара со руските преговарачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот