Фото: ФФМ

Денеска играат и младинците, момците на Станиќ во Битола ја сакаат првата победа во квалификациите за ЕП

Покрај сениорската репрезентација која ќе гостува во Белгија во рамките од квалификациите за Светското првенство, денеска натпревар ќе има и младинската селекција на Македонија која ќе се соочи со Ерменија во Битола.

Избраниците на Горан Станиќ ќе водат битка во квалификациите за Европското првенство, а во овој циклус ја бараме и првата победа. Претходно загубивме од Италија и Полска во натпревари во кои не постигнавме гол и примивме четири.

Ерменците исто така имаа лош старт и беа поразени од Шведска и Полска, поради полошата гол-разлка тие се посленди на табелата.

„Не очекуваат два тешки натпревари против Ерменија и Црна Гора. Максимално сме фокусирани и подготвени за претстојните предизвици. Се надевам дека ќе ги исполниме сите барања на селекторот и стручниот штаб и ќе оствариме позитивен резултат. На претходните два квалификациски меча, и покрај поразите, мислам дека не одигравме лошо. Имавме добри моменти и создадовме неколку сериозни прилики за погодок, но ни недостигаше повеќе концентрација во завршницата. Свесни сме каде погрешивме и верувам дека ќе ги поправиме грешките на следните натпревари“, изјави фудбалерот од средниот ред Теодор Николовски.

Натпреварот во Битола е закажан за во терминот од 17:00 часот.

Презеемено од: Спорт.ком.мк

ВИДЕО | Македонските фудбалери им свртеа грб на судиите и ја пееја химната заедно со навивачите пред 31 година, во Брисел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот