ДЕНЕСКА Е МИТРОВДЕН: Завршете ги обврските навреме, останете дома и не ги карајте децата

Фото: Принтскрин

Според верскиот календар денеска во христијанството се празнува Св. великомаченик Димитриј – Митровден.

Со Митровден се означува крај на летниот и започнува зимскиот период од годината. Поради собраните плодови, значително намалениот ден, студеното време и сл. се вели дека со Митровден започнува зимата.

Народниот обичај наложувал денес да се остане дома. Се верувало дека оној кој што нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од својот дом и ќе преспива по туѓи домови.

Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор.

Во некои предели постоеле и верувања дека на Митровден никако не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.

Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот