Демонстрантите во Хонгконг ќе одржат собир за солидарност со Каталонците

Фото: МИА

Демонстрантите во Хонгконг вечер планираат да одржат собир со кој ќе покажат солидарност со учесниците на протестите во Каталонија.

Каталонците излегоа на улиците за да изразат незадоволство од затворските казни што ги добија нивните сепаратистички лидери.

Протестите во тој најбогат шпански регион споделуваат неколку сличности со Хонгконг, каде што се одржуваат демонстрации веќе пет месеци поради се поголемата контрола  над автономниот регион.

Повеќето демонстранти во Хонгконг сакаат посилна демократија, иако помал процент повикуваат на независност, што претставува црвена линија за комунистичките власти во кинеската престолнина.

Некои демонстранти во Хонгконг во неделата го мавтаа знамето на Каталонија, а активисти од шпанскиот регион користеа некои од тактиките од кинескиот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот