Демократски сојуз бара Обвинителството за организиран криминал да отвори постапка за вработени во УЈП

Демократскиот сојуз бара Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да започне истрага (и да ги обезбеди доказите) за да се разјасни дали вработени во Управата за јавни приходи на РМ имале поврзаност и соработка со нафтени компании и им помогнале при извршување на кривично дело „Даночна измама”, на начин што по нивното барање за поврат на фиктивен ДДВ, за многу краток период од Управата за јавни приходи им го исплаќале ДДВ-то и со тоа им овозможиле противправно да се стекнат со парични средства кои понатаму ги користеле за продолжување на делото и ги довеле во заблуда големите нафтени компании, искористувајќи ги нивните фактури за изготвување фиктивни.

Инаку, според информации од партијата се вршел голем притисок за овој тежок криминал да се забошоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот