Делегација на Левица положи цвеќе по повод 8 Септември

Денеска на 33 – годишнината од независноста на Mакедонија, делегација на Левица составена од членовите на Централниот комитет, Андреа Јанков, Гордана Ивановска и Марјан Димитриев, положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци на НОБ во Алејата на великаните во Бутел.

На денешен ден 1991 година е одржан Референдумот за независност на Македонија! На Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани, односно 95,26% од оние кои гласале биле ЗА суверена и независна држава Македонија. И овој 8 Септември потсетуваме дека Уставното име на државата е Република Македонија!, велат од партијата.

Додаваат дека референдумот одржан на 30 септември 2018 година, за промена на уставното име бил неуспешен.

Оттука, промената на уставното име на државата, како последица на Преспанскиот договор, којшто насила го склучи тогашната квислингшка власт (без потпис од претседателот) е ништовен. Левица останува доследна на правото за самоопределување на народите и како партија не ги признава империјалистички наметнатите договори, спротивни на повелбата на ООН, коишто го нарушија суверенитетот на државата и угледот на Македонците, пишува во партиското соопштение во кое се додава ставот на партијата дека „овие нелегитимни договори не треба да се почитуваат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот