Дејвид Бекам ја почести својата Викторија: Со авион отишле на ручек во ресторан, а потоа се откри колку чини

Викторија и Дејвид Бекам / Фото: EPA / Printskrin / Instagram

По повод 50-тиот роденден на Викторија, парот замина за Франција, каде им се придружиле нивните деца и родителите на Викторија.

Викторија Бекам и нејзиниот сопруг Дејвид (48) наводно отишле со приватен авион на југот на Франција за да го прослават нејзиниот 50-ти роденден. Модната дизајнерка и пензионираниот фудбалер потоа со автомобил со шофер отишле во ресторан со ценовник од 200 фунти по човек во Сен Пол де Венс на француската ривиера. На парот наводно им се придружиле нивните четири деца заедно со родителите на Викторија, Џеки и Тони.

– Дејвид избра едно многу оддалечено место каде што знаеја дека семејството нема да биде забележано. Ресторанот редовно угостува славни личности од А-листата во текот на Филмскиот фестивал во Кан, така што никој од жителите на ривиерата не ни трепнува кога ќе види славна личност – рекол изворот за „Сан“.

„Викторија имаше неверојатно убаво попладне, уживајќи во виното, впивајќи ги зраците на сонцето и гледајќи на Медитеранот додека ја јадела својата омилена бела риба“, додал тој.

По приватната семејна вечера, Викторија се радува на својот 50-ти роденден в сабота што ќе се одржи во приватен клуб во Лондон. Ќе ѝ се придружат околу 40 членови на семејството и пријатели, вклучувајќи ги и нејзините поранешни колешки од „Спајс грлс“, Мел Б и Ема Бантон, заедно со другите блиски пријатели, како холивудската актерка Ева Лонгорија и британскиот готвач Гордон Ремзи.

Инаку, Викторија ќе мора во модната комбинација да вметне и медицинска чизма што ја носи поради повреда на стапалото во вежбалница, иако во меѓувреме позираше за шпанското издание на магазинот „Ел“, седејќи на стол без чизма.

ФОТО | Дејвид Бекам полугол поправа телевизор: Компанијата „Самсунг“ веднаш се огласи

ФОТО | Романтичен бакнеж на зајдисонце: Викторија и Дејвид Бекам си го честитаа Денот на вљубените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот