Дебранка прегазена во центарот на Скопје, со тешки повреди пренесена во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Седумдесет и четиригодишна дебранка е прегазена во центарот на Скопје при што се здобила со тешки телесни повреди.

„На 14.12.2023 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” и ул.„9 Мај” во Скопје, патничко моторно возило „рено” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(67) од Скопје, удрило во М.Т.(74) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” – Скопје“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Прегазена жена во Ѓорче, со тешки повреди пренесена во болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот