Фото: Unsplash

Дебелеат и го нарушуваат варењето: Три млечни производи кои можат да го загрозат здравјето

Многу лекари се согласуваат дека редовната употреба на ферментирани млечни производи, кои содржат бактерии корисни за цревната микрофлора, е основа на здравиот начин на живот и правилната исхрана. Меѓутоа, немаат сите од нив благотворно дејство врз човечкото тело.

Нутриционистката Дарија Русакова составија листа на ферментирани млечни производи кои се опасни за здравјето.

Јогурти со адитиви

Јогуртите со разни додатоци не се природно „млеко“, бидејќи содржат многу повеќе јаглехидрати од кој било друг ферментиран млечен производ. Поради неприродните адитиви и големата количина шеќер, која ја нарушува апсорпцијата на калциумот, овие производи повеќе спаѓаат во слатки отколку во млечни производи.

Млечни производи без масти

Иако повеќето луѓе ги користат затоа што мислат дека се нискокалорични и здрави, млечните производи со низок процент на масти всушност се сѐ само не здрави. Факт е дека во составот на таквите јогурти се додава скроб за да се постигне потребната конзистентност, која е калорична, колку што се и јаглехидратите. Проблемот е во тоа што „млекото“ без масти не го заситува организмот, туку напротив, го поттикнува апетитот со зголемување на нивото на шеќер во крвта.

Мрсна павлака

Павлаката со содржина на масти од 25-30 отсто е една од најтешките намирници за варење, ја нарушува работата на панкреасот и црниот дроб. Меѓутоа, тоа не значи дека треба целосно да се откажете од овој вид намирница. За да избегнете проблеми со варењето и ризикот од развој на гастроинтестинални заболувања, доволно е да земете павлака со пониска содржина на масти, 10-15 отсто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот