фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Дарвин Хем повеќе не е тренер на Лос Анџелес лејкерс

Тренерот на Лос Анџелес лејкерс, Дарвин Хем доби отказ откако неговиот тим беше елиминиран во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата од Денвер нагетс.

Минатата сезона Лејкерси загубија од Денвер во финалето на Западната конференција.

Лејкерси со Хем сезонава го освоија НБА купот, турнир кој се организираше за прв пат оваа сезона.

Медиумите во САД веќе шпекулираат со имиња кои би можеле да седнат на клупата на „езерџиите“.

А меѓу кандидатите се Мајк Буденхолцер, Кени Аткинсон, Џеј Џеј Редик и Тајрон Лу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот