Данска планира да регрутира жени за воена служба

Данска планира да регрутира жени за воена служба, со што ќе биде една од неколкуте земји кои бараат од жените да служат во вооружените сили, соопштуваат од Владата на Данска.

„Посилното регрутирање, вклучително и целосната родова еднаквост, мора да придонесе за решавање на одбранбените предизвици, националната мобилизација и надополнување на нашите вооружени сили“, рече министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, на прес-конференција.

Жените во Данска веќе можат доброволно да се пријават за воена служба. Во 2023 година, тие сочинуваа околу една четвртина од припадници на Армијата.

Данска сега е трета земја во Европа која воведе воена служба за жени. Норвешка и Шведска го направија тоа во 2015 и 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот