Данела најави битка во единица како носител на листа на нејзината партија

Данела Арсовска на седница на совет на град Скопје / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на престојните парламентарни избори ќе се трка со Димитар Ковачевски, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Во Изборна единица 1 ќе се кандидира како носител на листа и како прв човек на нејзината партија „Нова Алтернатива“.

Ова таа го обзнани за време на нејзиното гостување на ТВ24 додавајќи дека спремна е за дуел со најголемите партии со кои до сега битката ја водеше на локално ниво.

И додека партиите ситно бројат додека да излезат со имињата за изборните листи, но и да ги објават своите претседателски кандидати, лидерот на СДСМ Ковачевски коментирајќи ги информациите дека и неговиот коалициски партнер Ахмети, може да се кандидира за претседател од ДУИ посочи дека не може интегративците да сметаат на поддршката од Бихаќка, бидејќи и тие ќе излезат со свој кандидат.

Информациите дека ДУИ ќе излезе со свој кандидат проструија откако изминатиот период партијата влезе во конфликт со актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Му замерија дека не го потпиша указот за Законот за игри на среќа по што се вжешти релација Пендаровски – ДУИ.

СДСМ веќе најавија дека кон крајот на месецот или евентуално почетокот на март ќе го обелоденат нивниот претседателски кандидат.

ВМРО-ДПМНЕ пак истото треба да го направат на конвенцијата на 2 март.

Албанскиот опозициски блок застана зад кандидатурата на Арбен Таравари кој пак допрва ќе треба со Села пред Управен суд да се докажуваат кој е легитимен претседател и на Алијанса за Албанците.

Левица веќе излегоа со нивниот претседателски кандидат професорката Билјана Ванковска, а својата кандидатура за претседателските избори најави и Вело Марковски.

На оваа тема сериозно размислува и градоначалникот на Карпош и лидер на Гром, Стевчо Јакимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот