Фото: Pexels/ Kampus Production

Дали сметате дека ова е изневерување? Сè попопуларен тренд на интернет значително влијае на врските

Една појава кога станува збор за врските станува сè попопуларна, а многумина го сметаат за еден вид изневерување. Имено, станува збор за претплата на платформата „Онлифенс“.

Анкетата во која учествувале 54.000 Австралијанци опфатила бројни теми, вклучувајќи ги трошоците за живот, поседувањето дом… Меѓу другото, тие одговориле на прашање за споменатата апликација за возрасни, пишува „Њујорк пост“.

Повеќето луѓе сметаат дека е изневерување ако нивниот партнер плаќа за да гледа содржини на „Онлифенс“. Попрецизно, 50 проценти изјавиле дека дефинитивно станува збор за изневерување, а 42 проценти веруваат дека зависи од видот на интеракција што нивниот партнер ја имал со лицето кое објавува експлицитна содржина на „Онлифенс“.

Осум проценти од луѓето сметаат дека користењето на гореспоменатата платформа е нормално во врска. Ѕвездата на „Онлифенс“, Меди Милер, која заработува околу 20.000 долари месечно, вели дека и покрај тоа што е во овој бизнис, таа повлекува граница во врските.

„Довербата е важна, затоа раскинав со мојот бивш откако го фатив како гледа голи фотографии од други жени додека беше во кревет со мене. Ако мојот бивш побараше да гледаме нешто заедно или речеше дека е љубопитен, тогаш можевме да разговараме, но фактот дека намерно гледал порнографија направена од луѓе што ги познавам не е во ред“, изјавила таа, меѓу другото, за „њуз.ау“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот