Дали падот на американските банки ќе ги остави Швеѓаните без пензии?

Фото: Jonathan NACKSTRAND / AFP / Profimedia

Вкупниот удел на шведскиот пензиски фонд во трите пропаднати американски регионални банки изнесуваше 21 милијарда шведски круни или околу 2,2 милијарди евра. Дали падот на американските банки ќе ги остави Швеѓаните без пензии?

Најголемиот шведски пензиски фонд „Алекта“, кој поседува средства на околу 2,6 милиони Швеѓани, се соочува со загуба од над една милијарда долари по колапсот на две американски банки, Силикон Вали Банка и Сигнач Банк.

Фондот беше под остри критики во Шведска за инвестирање во банки кои беа фокусирани на дигитални технологии и криптовалути. Она што се случи минатата недела, мислиме дека е голем неуспех за нас како инвеститор“, призна за Блумберг, извршниот директор на Aлекта, Магнус Билинг, пренесува Каматица.

„Мораме да научиме нешто од ова и да преземеме акција врз основа на научените лекции“, додаде Билинг.

Во 2017 година, шведскиот пензиски фонд почна да купува акции во Сигначр Бенк и нејзината матична компанија СВБ Финаншл, како и регионалната банка Прва Републиканска Банка (ФРБ), со цел да го зголеми својот удел две години подоцна.

До крајот на 2022 година, Алекта беше четврти по големина акционер на СВБ Финаншл, шести по големина акционер на Сигначр Бенк и петти по големина акционер на ФРБ, кој забележа пад на нејзините акции за речиси 70 отсто во понеделникот заедно со другите регионални банки.

Билинг се обиде да ги увери своите шведски клиенти во вторникот по мрачниот почеток на неделата за американските банки, истакнувајќи дека инвестициите на Алекта во три регионални банки изнесуваат само еден процент од нејзиниот вкупен капитал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот