Фото: Freepik

Дали конечно ни е дозволено да уринираме под туш или не: Еве што вели науката

Јавна тајна е дека многу луѓе уринираат под туш. Дали сте од оние кои мислат дека тоа не е проблем затоа што сè оди на ист одвод или сте од оние кои велат  дека тоа е нехигиенски кога станува збор за мокрење под туш, уролозите едногласни дека тоа не е штетно ниту за жените ниту за мажите.

„Нема негативни последици, а за некои луѓе тоа е едноставно практично. Личен избор е ако некој не сака да го поврзе местото каде што се бања со местото каде што се „олеснува““,  изјави д-р Карин Еилбер, професор по урологија во болницата Седарс-Синаи во Лос Анџелес за „Си-ен-ен“ .

Мокрењето под туш обично не предизвикува здравствени проблеми, а веројатно нема ни да го затне одводот. Сепак, постојат одредени ситуации кога истото не е најдобрата идеја.

Вообичаен аргумент против мокрењето додека се стои под туш, особено кај жените, е тоа што оваа положба не дозволува опуштање на мускулите на дното на карлицата, што може да доведе до напрегање и нецелосно празнење на мочниот меур. Но, д-р Дејвид Шустерман, уролог и главен лекар во клиниката за урологија во Њујорк, вели дека тоа не е точно.

Двата мускули кои го контролираат протокот на урина од мочниот меур се нарекуваат уринарни сфинктери. Едниот се наоѓа на дното на мочниот меур, а другиот во близина на карличниот под. Шустерман вели дека мускулите на дното на карлицата слабеат кога луѓето се обидуваат да уринираат. Тоа е затоа што напрегањето го зголемува притисокот врз сфинктерите и мускулите, што го отежнува празнењето на мочниот меур.

Мокрењето под туш всушност може да помогне да се релаксираат тие мускули.

„При топол туш лесно можете да го опуштите сфинктерот и да ја оставите урината да излезе. Наспроти тврдењата дека мокрењето под туш не е здраво, мислам дека е всушност здраво“ додава тој.

Доктор Еилбер вели дека урината се контаминира со бактерии кога имате инфекција, како што се инфекции на уринарниот тракт. Сепак, нема потреба да се грижите дали ќе добиете зараза ако некој со инфекција уринира под јавен туш, бидејќи водата веднаш ќе ја измие урината.

„Не би се грижела дали ќе добијам инфекција од мокрењето во јавни тушеви, тоа е исто како да се грижите дали ќе добиете зараза од  мувла или габи кога одите боси надвор од тушот“ рече таа.

Единствениот проблем може да се појави ако бактериите останат на кожата за време на мокрењето. Шустерман додава дека по мокрењето половите органи треба целосно да се исчистат за да се спречи шрење на несакани инфекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот