
Дали долната облека испрана во машина е всушност чиста? Еве како да ја перете за да бидете сигурни
Многумина веруваат дека нивната долна облека е чиста штом ќе излезе од машината за перење, но тоа често не е случај – предупредува д-р Лиза Акерли. Според неа, класичното перење на ниски температури не ги уништува сите бактерии, па затоа долната облека всушност останува делумно валкана, пишува „Мирор“.
Препорачано
Ниските температури не можат да ги елиминираат бактериите од алиштата за перење, па затоа „чистите“ алишта всушност се сè уште потенцијален извор на инфекција, особено кога се носат на најчувствителниот дел од телото. Докторот истакнува дека долната облека не треба да се пере заедно со кујнски крпи и пешкири, особено ако се користи ниска температура.
– Перењето долна облека на температура пониска од 60 степени нема да ги уништи бактериите. Не мешајте гаќички со крпи за садови и пешкири, бидејќи сигурно не сакате бактериите од интимната долна облека да го најдат патот до вашата кујна – објаснува Акерли.
Доколку поради некоја причина не можете да ја перете облеката на повисоки температури, се препорачува да додадете антибактериски средства специјално дизајнирани за перење. Според неа, ваквите производи можат да уништат до 99% од бактериите.
Како да се отстранат дамките од крв?
Менструалните дамки, особено оние што веќе се исушени, можат да бидат многу тврдоглави и отпорни на обичниот детергент. Во такви случаи, водород пероксид може да биде вистинското решение.
Британската блогерка Роузи од „Brush By Four Nine“ советува: прво исплакнете ги алиштата со ладна вода за да отстраните што е можно повеќе крв, а потоа нанесете течен водород пероксид директно на дамките. Оваа хемикалија го започнува процесот на оксидирање на ензимите во крвта, што помага да се растворат дамките.
После тоа, можете да ги перете алиштата како и обично – рачно или во машина.