Дали девојчето од видеото е Данка – во секој момент се очекува идентификација

Во секој момент се очекува идентификација на девојчето од видеото кое е снимено во Австрија а за кое медиумите шпекулираа дека е исчезнатото девојче Данка од Србија по кое се трага од 26 март.

„Не можеме да располагаме со информациите, со нив располага Министерството за внатрешни работи, и српско и австриско, и ние сме во постојан контакт со нив – и во Србија и овде со цел да се овозможи секој со нови информации да ги достави до властите“, вели aмбасадорот на Србија во Австрија, Марко Благојевиќ.

Тој во изјава за „Танјуг“ рече дека Амбасадата на Србија во Виена е во постојан контакт со австриската полиција, како и дека српскиот народ што живее таму е информиран за исчезнувањето на девојчето.

Тој потсетува дека српската амбасада во Виена апелираше до сите што живеат во Австрија да пријават во полиција доколку имаат информации за исчезнатото девојче.

„Речиси и да нема некој наш сонародник овде кој не е запознаен со тој случај, а она што го очекуваме е идентификација на лицето од видеото што е направено во Виена за да можеме да утврдиме дали се работи за Данка Илиќ по која се трага. Австриската полиција постојано трага, а областа каде што е снимено видеото е добро покриена со камери бидејќи е центарот на Виена и таму се спроведуваат антитерористички мерки“, објасни Благојевиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот