Фото: Инстаграм

Дали Бора Чорба ќе добие замена? Ова е членот кој неодамна настапи со „Рибља чорба“ во Чачак

Градот Чачак во чест на рок легендата Бора Ѓорѓевиќ по повод неговиот роденден организираше настан посветен на поранешниот фронтмен на групата „Рибља чорба“.

Долгогодишниот соработник на Бора, пратечкиот вокал Јован Јефтиќ заедно со бендот пред публиката ги изведоа омилените песни на овој рок-бенд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovan Jeftić (@jovanjeftic)


Јован пееше од срце и предизвика силни емоции кај Чачанци, кои со овации го проследија настапот и на спектакуларен начин му оддадоа почит на својот починат сограѓанин и рок ѕвезда.

Ѓорѓевиќ беше главен вокал и текстописец на рок групата „Рибља Чорба“ од нејзиното основање во 1978 година, а дали Јован ќе го замени неговото место и дали „Рибља Чорба“ повторно ќе настапуваат низ Балканот, останува енигма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот