Дачиќ за средбата со Лавров: Сакаме да развиваме добри односи со Русија

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека денеска се сретнал со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за време на меѓународната конференција во Анталија, Турција.

Сакаме да развиеме добри односи со Русија, благодарни сме им за нивниот позитивен став на седницата на Советот за безбедност на ОН (за Косово) и мораме пред се да работиме на нашите интереси, изјави Дачиќ.

По учеството на панелот „Предизвици и можности на Западен Балкан“ на Дипломатскиот форум во Анталија, Дачиќ изјави дека Србија „цврсто ја држи линијата на одбраната, така што никој не го наметнува влезот на Косово во меѓународните организации и институции по спореден пат“.

Тој оцени дека ЕУ, која посредуваше за Бриселскиот договор на патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово, денес не може да гарантира негово спроведување.

ЕУ не може да обезбеди да се формира Заедницата на српските општини (ЗСО). Србија повеќе не смее да дозволи да зависи од другите, рече тој.

По повод неговата денешна средба со шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, тој рече дека „нема да можеме да го промениме ставот на Турција за Косово и Метохија, но треба да се обидеме да бидеме партнери и да ги развиваме економските односи“.

Дачиќ рече дека е неопходно да се обиде економската соработка да се стави „во функција на конструктивност на Балканот“, со што „Србија може да постигне, доколку нема нејзина согласност, да нема наметнување решение“ за Косово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот