Дачиќ: Сè уште нема одлука за формирање на Влада, ништо ново во меѓувреме

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Министерот за надворешни работи на Србија и лидер на СПС, Ивица Дачиќ изјави дека сè уште нема донесено одлука за формирање на Влада и најави дека главна тема оваа недела ќе биде доаѓањето на американската развојна агенција (ДФЦ) во Белград.

Дачиќ повтори дека СПС е горда на постигнатите резултати во изминатите осум години и дека се подготвени за продолжување на соработка со Александар Вучиќ и Српската напредна партија (СНС).

– На победниците на изборите е процесот за формирање на Влада и носењето на одлука. Таа одлука сè уште не е донесена и ништо ново не се случи во меѓувреме, порача Дачиќ.

Тој додаде дека нема информација кога би била формирана новата Влада, наведувајќи дека од најавата за договор во меѓувреме се случија низа надворешно-политички настани како Вашингтонскиот договор и разговорите во Брисел.

– Сега имаме пристигнување на ДФЦ и сигурен сум дека тоа ќе биде централна тема оваа недела. Во секој случај, имајќи ги во предвид роковите, процесот за формирање на Влада не е доведен во прашање. Мнозинство има СНС и на нив останува да донесат одлука, барем што се однесува до СПС-ЈС“, рече Дачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот