Д-р Чибишев: Надлежните не ги знаат кластерите, ниту изворите кои ја шират болеста

Бројката на новозарарзени со корона вирусот од ден на ден само се зголемува. Колку за илустрација, Штип градот на текстилната индустрија по последно објавените бројки е втора општина по бројот на новозаразени со корона вирусот. Бројката на активни случаи во градот се движи кон 500, рече д-р Андон Чибишев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ниту епидемиолозите, ниту eкспертите за заразни болести не очекуваат во наредните денови бројката на новозаразени да се намалува. Но, ова не е тренд само во овој град, туку во сите останати градови ширум државата. Бројката се зголемува и во помалите општини кои не бележеа нови случаи. Ниту најгласните функционери за почитување на мерките деновиве гледаме како не ги почитуваат истите. Бројот на заразени од корона вирусот надмина 10 илјади, а бројката на починати се движи кон 500.

Ова само покажува дека надлежните ниту знаат каде одат, ниту како треба да се справат со тешката ситуација, потенцираше Чибишев.

-Надлежните не ги знаат ниту кластерите, не ги знаат изворите кои ја шират болеста. Не знаат ниту што ни се случува, дали е ова пик на првиот  бран, ниту дали е втор или што е воопшто ова што денес ни се случува. Поради неспособноста на Владата на СДСМ состојбата не е под контрола. Ситуацијата која произлезе од КОВИД-19 само ја потврди неспособноста на Владата на СДСМ да менаџира како со текот на епидемијата, така и со здравствениот систем воопшто. Здравствениот систем се движи кон работ на пропаста. Ќе беше добро да слушнеа нешто од предлозите на експертите и да превземеше нешто што ќе спасува животи- рече Чибишев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот