Фото: Needpix

Цвеќе што мора да го имате на вашата тераса или двор: Се верува дека привлекува среќа и љубов

Време е да ги декорирате вашата тераса или двор, а прекрасните бегонии повеќекратно ќе ве наградат со своите раскошни цвеќиња и фасцинантни бои.

Едно од цвеќињата што најчесто се одгледува на тераси, бидејќи изгледа прекрасно и раскошно цвета во текот на летните месеци, но се верува и дека им носи среќа на домашните.

Бегонијата е прекрасно цвеќе кое може успешно да се одгледува на терасата, во дворот, па дури и во куќата.

Постојат повеќе од 1.700 видови на овој цвет, а познат е по своите светли бои на кои е навистина тешко да се одолее на веќе на прв поглед.

Фото: Wikimedia Commons

Како се одгледува бегонија?

Бегонијата не сака премногу топлина и сончева светлина. Одлично ќе расте на терасата во жардиниери кои се пошироки, а поплитки. Потребно е редовно наводнување на растението. Почвата секогаш треба да биде влажна, но не претерувајте, бидејќи цвеќето ќе скапе.

Препорачливо е да се полева во самата основа на растението, за да останат листовите суви и на тој начин да се заштитат од мувла и гниење. Водата треба да биде отстоена на собна температура.

Бегонија носи среќа

Нашиот народ верува дека бегониите треба да се подарат на драга, сакана личност, бидејќи привлекуваат среќа во домот, убави настани во љубовта и добро здравје.

Црвената бегонија симболизира љубов и страст, розовата нежност, жолтата симболизира радост, среќа, пријателство, надеж, а белата невиност и чистота на душата.

Фото: Picryl

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот