Црвенковски: Со Бугарија компромис едноставно не е можен

Бранко Црвенковски, поранешен претседател на РС Македонија / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив ја отвори Пандорината кутија и создате основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таa мера задираaт во нашиот национален идентитет и историја, што компромис едноставно не е можен, истакна во својот говор поранешниот преседател на државата, Бранко Црвенковски.

Тој учествуваше на научниот собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година“, организиран од Македонската академија на науките и уметностите по повод 30 години независност.

– Веднаш по стекнувањето на независноста, во Македонија се постингува широк општествен консенсус дека нашата иднина е во НАТО и ЕУ. За жал, и покрај исполнетите услови уште пред 13 години заради спорот со Грција, ниту станавме членка на НАТО, ниту ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Ни беше најавено, па дури и гарантирано, дека Преспанскиот договор е клучот што ќе ги отвори двете врати. За жал, испадна дека не е така, истакна Црвенковски.

Станавме членка на НАТО, додаде тој, но заради позициите на Бугарија не може да ги отпочнеме приговорите со Европската Унија.

– Во никој случај јас не би ставал знак на еднаквост помеѓу Преспанскиот договор со Грција и договорот со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задират во нашиот национален идентитет и историја, што компромис едноставно не е можен, подвлече Црвенковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот