Црна Гора позајми 100 милиони евра од „Дојче банк“

Дојче Банка
Дојче Банка / EPA-EFE/RONALD WITTEK

Црна Гора позајми 100 милиони евра од Дојче банк за финансирање на буџетските обврски во тековната година, а овие средства од денеска и се на располагање на државата, соопшти Министерството за финансии. Тие изјавија дека оваа наплата е „дополнителна поддршка во соочувањето на државата со глобални ризици“.

„Договорот со горенаведената банка е склучен за период од три години, со грејс период од 12 месеци и каматна стапка составена од шестмесечен ЕУРИБОР зголемена за износот на маржата од 5,9 отсто. Првата рата од каматата се плаќа шест месеци по повлекувањето на средствата од кредитот, додека отплатата на главницата ќе започне дванаесет месеци по повлекувањето на тие средства и ќе се врши со плаќање на пет еднакви рати од главницата“, беше прецизирано во изјавата, објави Политика рс.

Покрај каматните трошоци, на износот на кредитот се плаќа и провизија за обработка на кредитот во износ од 1,35 отсто од вкупната вредност на заемот, односно во износ од 1,35 милиони евра. Надоместокот за обработка на заемот се плаќа како одбиток од вкупниот износ на заемот.

„Заемот од 100 милиони евра од угледен партнер е предвиден со Законот за Буџетот за тековната година и е реализиран со цел да се обезбедат средствата што недостасуваат, а во функција на редовно и непречено подмирување на сите обврски на држава“, се наведува меѓудругото во соопштението, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот