Акел Назир - Фото: Принтскрин/ Икс

Човек тврди дека има 140 години: Бев во палатата со кралот

Еден постар маж од авганистанската провинција Кост, Акел Назир, за авганистанскиот портал „ТОЛО Њуз“ (TOLO News) изјавил дека има 140 години – тврдење кое би го направило еден од најстарите луѓе во светот.

Назир, кој сака неговата возраст официјално да биде потврдена преку документација, рече дека имал повеќе од 30 години кога Авганистан стекнал независност од Велика Британија. Тој е жител на областите Сабари и Јакуби во провинцијата Кост.

Иако не се сеќава на многу настани во животот, тој се сеќава дека имал повеќе од 30 години за време на владеењето на кралот Аманула Кан и учествувал во прославите на независноста.

„Бев во палатата со кралот Аманула Кан. Тогаш имав повеќе од 30 години и се сеќавам дека рековме дека Британците побегнаа и се поклонија. Сите беа среќни и му се заблагодарија на кралот што ги избрка Британците. Многу водачи нѐ следеа до (претседателската палата) Арга, но сега сите починаа“, рече Назир, пренесува „ТОЛО Њуз“.

Семејството на Назир брои повеќе од 100 членови, а дури и неговите внуци имаат внуци. Портпаролот на гувернерот на провинцијата Кост, Мустафар Гурбаз, рече дека ќе биде испратен специјален технички тим за да се потврди неговата возраст.

Доколку се потврди возраста на Назир, тој ќе добие посебна здравствена заштита и ќе биде регистриран како најстар жив човек во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот