Четврти бран во Хонгконг: Болница ново жариште на ковид-19

Фото: EPA-EFE/MIGUEL CANDELA

Хонгконг, кој се соочува со четврти бран на Ковид-19, вложува напори да спречи ширење на коронавирусот, откако една болница стана жариште на зараза.

Меѓу 60 и 70 медицински работници во болницата во Хонгконг, кои се сметаат за блиски контакти со заразен пациент, се наоѓаат во карантин, а 6.000 до 7.000 вработени во здравствената установа треба да бидат тестирани.

Пациент кој е позитивен на ковид-19 заразил уште седум лица, со што бројот на заболени од тој кластер е зголемен на 19.

Властите во Хонгконг, исто така, ја зајакнаа контролата на замрзнатата храна, со цел да спречат ширење на коронавирусот, бидејќи властите во континенталниот дел на Кина тврдат дека пронашле вирус на амбалажа на увезена храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот