Четири западни земји ја осудија Кина поради наметнување на свои закони на Хонгконг

Profimedia

САД, Канада, Австралија и Велика Британја повикуваат Пекинг да ги почитува постоечките обврски за автономија на Хонгконг.

САД, Австралија, Канада и Велика Британија во заедничка изјава повикаа одлуката на Кина да ги наложи своите закони за национална безбедност врз Хонгконг е во директна спротивност на меѓународните обврски и принципи законски спорведени во Кинеско-британската заедничка декларација од 1984 година гарантирана од ОН.

-Хонгконг просперира како тврдина на слободата. Меѓународната заедница поседува значаен и долгорочен удел во просперитетот и стабилноста на Хонгконг, се вели во денешната заедничка изјава.

Се додава дека директното наметнување безбедносни закони од стран на Пекинг, наместо преку институциите на Хонгконг, според Членот 23 од Основниот Закон, ќе ги наруши слободите на народот во Хонгконг и со тоа драматично ќе го поткопа неговиот систем и автономија, благодарејќи на кои Хонгконг стана просперитетна автономија.

Сојузниците ја повикуваат Кина во време кога светот е соочен со пандемијата, да работи со властите на Хонгконг на градење доверба и на меѓународна соработка со другите засегнато страни, а не да го прави спротивното.

САД, Канада, Австралија и Велика Британја повикуваат Пекинг да ги почитува постоечките обврски за автономија на Хонгконг, според Кинеско-британската заедничка декларација гарантирана од ОН. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот