Чешка не ја призна црквата на канабис како религија

Канабис / фото МИА

Црвката на канабисот нема да биде признаена како верска заедница во Чешка, одлучи високиот управен суд во Брно. Судот со тоа ја потврди одлуката на чешкото Министерство за култура на која Црквата на канабис поднесе жалба.

Во образложението се наведува дека таканаречената црква нема никаква врска со метафизиката, не се занимава со егзистенцијални прашања и нема разбирлива етичка програма.

Судот, исто така, ја доведе во прашање сериозноста на подносителите и објави дека има многу индикации дека подносителите всушност биле заинтересирани да користат канабис како „помош во молитвата“ во име на слободата на верските обреди.

Поседувањето марихуана во Чешка е казниво, иако луѓето често не се гонат за поседување на мали количини. Канабисот може да се препише и за медицински цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот