Холодомор. сеќавање на жртвите/ Фото Bryan Olin Dozier/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Чешка го прогласи Холодомор од 1930-тите за геноцид врз украинскиот народ

Чешка денеска го прогласи Холодоморот, масовен глад во Украина во 1932-1933 година, предизвикана од тогашниот советси лидер Јосиф Сталин, за геноцид врз украинскиот народ.

Холодоморот уби четири милиони луѓе како директен резултат на советската политика во сталинистичката ера, пишува во резолуцијата усвоена едногласно во чешкиот парламент.

Чешка ги признава настаните како „вештачки предизвикана глад“ и „шокантни геноцидни злосторства против украинскиот народ и човештвото“, се вели во резолуцијата. Овој потег е дополнителна демонстрација на солидарноста на чешката влада со Украина, пишува Еуроњуз.

ВИДЕО | Холодомор: Масовно убиство со глад во Украина за кое се молчи

Односот меѓу Чешка и Русија

Односите на Чешка со Русија се влошија од почетокот на инвазијата на Украина, а Прага неодамна протера руски дипломат од земјата, тврдејќи дека шпионирал.

Прага исто така му помогна на Киев со оружје и хуманитарна помош.

Чешките пратеници го осудија Холодморот и ​​пред 15 години, кога настанот беше наречен „дел од монструозен тоталитарен режим“, но денешната резолуција оди чекор подалеку од тоа.

Маркета Пекарова-Адамова, претседателка на Претставничкиот дом на чешкиот парламент, рече дека резолуцијата ја коригира историската неправда во светлина на руската инвазија на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот