epa08960864 Croatia's head coach Lino Cervar reacts during the Main Round match between Argentina and Croatia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 23 January 2021. EPA-EFE/Anne-Christine Poujoulat / POOL

Червар во шок по смртта на Сарачевиќ

Славниот хрватски тренер Лино Червар е во шок по смртта на легендарниот ракометар Златко Сарачевиќ.
Сарачевиќ вечерва почина откако наеднаш му се слошило во неговиот автомобил по што бил пренесен во болницата во Копривница „Др. Томислав Бардек“, но докторите не успеаја да го реанимираат.

– Не ми е јасно, навистина не ми е јасно. Во тотален шок сум. Знам дека не беше болен. Златко беше пример на тренерската струка, спортско однесување, олимписки шампион. Ми беше и помошник на ЕП 2018 година. Беше се, но пред се беше човек. Никогаш за никого не кажал ниту еден лош збор и никој за него не можеше да каже нешто лошо – изјави шокираниот Червар.

Сега веќе поранешниот селектор на Хрватска се потсети и на таткото на Златко Сарачевиќ кој исто така беше голем ракометар.
– Јас го знаев и неговиот покоен татко кој исто така беше голем играч. Играше на истата позиција, десен бек. Загубивме голем спорт во овие несигурни и тешки времиња. Ова е голем удар за ракометот, за спортот и за сите кои го познаваа. Шокиран сум и тешко ми е да зборувам, навистина беше голем човек – додаде Червар.

Трагедија во Хрватска: Почина легендарниот ракометар Златко Сарачевиќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот