
Червар: На ЕП ќе навивам за мојата втора татковина Македонија, Лазаров е гладен за победи и како играч и како тренер
Легендарниот хрватски тренер, Лино Червар, вели дека на претстојното Европско првенство ќе навива и за ракометната репрезентација на Македонија.
Препорачано
Червар осум години (2019-2017) помина на клупата на Металург, а ја преводеше и репрезентацијата на СП во Франција 2017 година и во интервју за„ Моцарт Спорт“ не ги крие симпатиите кон Македонија.
– Искрено, Јас навивам за мојата втора татковина Македонија. Мораме да бидеме објективни, македонската репрезентација минува низ промени, се случува смена на генерации. Тимот го предводи Кире Лазаров, кој е најголема легенда во државата. Тоа е човек кого го сакам и го почитувам. Сите мора да го следат неговиот пример, блазе им на оние што ќе имаат можност да работат со него. Тој е вистински идол, вистински ракометар и пример како еден спортист треба да игра на терен и да се однесува надвор од него. Иако рано влезе во тренерски води, мислам дека има голем квалитет и тоа ќе го покаже. Тој е гладен за победи и како тренер и како играч и очекувам голема неизвесност. Никому нема да му биде лесно со Македонија, ниту на Словенија, ниту на Црна Гора, па ни на Данска, која веќе еднаш загуби од Македонија во квалификациите за овој шампионат – изјави Червар во интервјуто за „Моцарт Спорт“.