Центарци ќе добиваат субвенции за детски седишта и кациги за велосипеди

Велосипедисти / Фото: Слободен печат

Општина Центар ќе доделува субвенции од најмногу 1000 денари за сите жители на општината кои сакаат да купат дополнителна опрема за велосипеди, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2023 година.

Јавниот повик е распишан денеска и ќе трае сѐ до исцрпување на средствата што се предвидени во општинскиот Буџет, а субвенциите ќе се доделуваат по принципот ,,прв дојден – прв услужен“. Ќе се надоместува 30 отсто од цената за купување дополнителна опрема, но најмногу до 1.000 денари.

За субвенции ќе може да аплицира секој полнолетен жител на Центар што купил дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед или е-тротинет, во периодот од 1 август годинава.

Правото на субвенција е еднократно, а за сите потребни документи и начинот на аплицирање граѓаните можат да се информираат на веб страницата на Општина Центар, каде што е објавен јавниот повик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот