Центарци барале еден час паркинг да чини 500 денари

Фото: Фејсбук

Граѓани кои живеат во блокот згради во Центар позади Домот на градежниците, барале од претпријатието Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ), еден час паркинг во тој дел да чини 500 денари, информира директорот на ПОЦ, Васко Кичевски.

-Сепак, таа цена беше преголема. И сегашнава цена од 250 денари е неразумна по мое мислење, но треба да се има предвид дека на простор каде можат да се паркираат има 750 возила на жители и не плаќаат ништо, а самиот простор дозволува 400 возила за паркирање, вели Кичевски во изјава за ТВ21.

Директорот на ПОЦ додава дека парите кои сега се собираат од овој паркинг не се доволни да се подмират трошоците за вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот