Центар ги повика граѓаните да пријавуваат дупки на улиците

Општина Центар започнува со санација на оштетени улици односно ќе се крпат „ударни дупки“ во сите населби на општината.

Во изминатиот период, службите на локалната самоуправа, ги евидентираа локациите каде постојат видливи оштетувања на инфраструктурата кои во следниот период треба да бидат асфалтирани.

Поради поголема успешност на оваа акција, Општина Центар ги повикува и граѓаните со уредно наведување на точната локација и број на улицата, да пријават ударни дупки на територијата на општината. Граѓаните кои сакаат да пријават тоа можат да го направат јавувајќи се на телефонскиот број 076381673 или преку e-mail адресата: [email protected]информираат од Центар.

Оттаму велат дека оваа акција ја преземаат со цел да се овозможи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот