Цените на бананите ќе продолжат да растат, поради климатските промени

Фото: Unsplash

Високиот економист на Светскиот форум за банани, Паскал Лиу вели дека цените на ова овошје ќе продолжат да растат поради климатските промени. Лиу, вели дека климатските влијанија претставуваат „огромна закана“ за снабдувањето, засилувајќи ги ефектите што ги носат со себе, кои се рефлектираат во цените на храната.

Бананите се меѓу првите намирници кои ќе бидат погодени од климатските промени, барем што се однесува до овошјето. Бананите се најизвезуваното овошје во светот. Само Велика Британија увезува околу пет милијарди банани секоја година, од кои околу 90 отсто се продаваат во големи супермаркети. Минатата недела имаше недостиг на банани во неколку супермаркети во Велика Британија, за што трговците рекоа дека се должи на морските бури, поради што се одложија испораките.

Покрај временските услови кои влијаат на производството, бананите се чувствителни и на болестите кои можат да ги уништат посевите. Со оглед на влијанијата на климатските промени врз понудата, цените во Велика Британија и на други места веројатно ќе се зголемат – и ќе останат повисоки, пишува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот