Цени во ЕУ: Маслиновото масло поскапе за 54 отсто, а компирите за 23 отсто

Просечните цени на земјоделските производи во Европската унија се зголемија за два отсто на годишно ниво во 2023 година, со побавно темпо од претходниот период, објави денеска Евростат, додавајќи дека се забележани големи контрасти во движењето на цените на производите.

Маслиновото масло поскапе за дури 54 отсто, компирите за 23 отсто, јајцата за 20 отсто, додека значителен пад на цената од 26 отсто е забележан во категоријата житарки, објавено е на веб-страницата на организацијата.

Поради минатогодишната суша, компирот поскапе во 24 земји од Европската унија, најбрзо во Германија, за 49 отсто, Словачка за 48 отсто и Хрватска за 44 отсто.

Пад на цената на компирот е забележан само во Белгија, за 18 отсто, на Кипар за 14 отсто и во Австрија за четири отсто, пренесува Танјуг.

Во 2023 година просечната цена на вештачките ѓубрива и средствата за подобрување на квалитетот на почвата паднале за 23 отсто, додека просечната цена на средствата за заштита на растенијата и пестицидите се зголемила за девет отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот