Целодневен отчет во недела на сработеното од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Скриншот

Во насока на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската Филхармонија кој ќе финишира со отчет за првите сто дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од партијата.

Слоганот под кој ќе се одржи настанот е “ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА”-100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

-На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена. Ќе има свое обраќање во 17:00 часот во недела Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски. На овој говор ќе претходат три одделни панел дискусии на три различни теми, соопштија од партијата.

Според програмата предвидена е и дискусија на тема: Што наследија општините, а учесници се Гордана Димитриевска Кочоска, Маја Кадиевска Војновиќ, Гоце Димовски, Миле Лефков, а модератор е Марија Митева.

На следната дискусија на тема: Европските практики во локалните самоуправи ќе учестуваат: Гордана Сиљановска Давкова, Трајко Славески, Зоран Љутков, Сашо Клековски, а модератор е Наум Стоилковски.

На третата дискусија на тема: Младите и нивната перспектива во општините ќе учествуваат: Иванка Василевска, Сергеј Попов, Невена Величковска, Стефан Андоновски, а модератор е Димче Арсовски.

-Освен овој настан во наредниот три неделен период ќе бидат организирани и 6 регионални отчети на територијата на Република Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени, соопштија од најголемата опозициска партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот