Плевља најзагаден град во Европа, високо на листата и Тетово
Црногорските градови Плевља и Бјело Поље се најдоа на првото, односно на шестото место на листата на најзагадени градови во Европа, објавено е на страната Ворлд оф статистикс. Веднаш по Бјело Поље е Струмица на седмото место. Тетово пак е на деветтото. И Тузла во Босна и Херцеговина е меѓу најзагадените, односно на трето место.