Џафери и Османи во работна посета на Брисел

Талат Џафери во придружба на министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево ќе допатува во работна посета на Брисел. Доцна попладнево, Џафери, придружуван од првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот Османи, ќе го посети седиштето на НАТО во Брисел, каде ќе има средба со заменикот генерален секретар на Алијансата, Мирчеа Џоана. Утре …

Џафери и Османи во работна посета на Брисел Read More »

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ настапува со националистичка реторика и провокации кои не би сакале да ги гледаме

„Не очекувам меѓуетничка криза без разлика кој ќе биде на власт, меѓутоа неспорно е дека главниот опозиционен политички субјект ВМРО-ДПМНЕ кој ја поддржува госпоѓата настапува со силна националистичка реторика и точно е дека од другата страна има националистички провокации кои не би сакале да ги гледаме после триесет и кусур години независна држава“ рече претседателот …

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ настапува со националистичка реторика и провокации кои не би сакале да ги гледаме Read More »

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две постари лица

Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.

Меџити: Коалицијата „Влен“ не бојкотира, туку повикуваме нашите гласачи да излезат да гласаат за некој од двајцата претседателски кандидати

Изет Меџити, претседател на Демократското движење и носител на листа во Првата изборна единица од албанската опозициска коалиција „Влен“ на денешната прес-конференција нагласи дека тие не бојкотираат, туку, како што рече, повикуваат нивните гласачи да излезат и да гласат на претседателските избори за еден од двајцата кандидати. -Не, не одиме на бојкот. Ги повикуваме нашите …

Меџити: Коалицијата „Влен“ не бојкотира, туку повикуваме нашите гласачи да излезат да гласаат за некој од двајцата претседателски кандидати Read More »

Последни мигови од кампањата: Се „печалат“ гласови на жешка реторика и уставните измени

Остануваат уште неполни шест часа пред да стапи на сила изборниот молк пред вториот круг на претседателските и парламентарните избори закажани во среда. Од она што може да се увиди во говорите на политичарите од денешните митинзи и собири со граѓаните се забележува остри пораки но и обвинувања едни кон други. Секако уставните измени се …

Последни мигови од кампањата: Се „печалат“ гласови на жешка реторика и уставните измени Read More »

Силјановска-Давкова порача дека време е да имаме жена претседателка или премиерка

Во рамките на активностите на кандидатката за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба. „Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години …

Силјановска-Давкова порача дека време е да имаме жена претседателка или премиерка Read More »

По повод Денот на полицијата утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Во Скопје утре од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одбележување на 7 Мај – денот на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој временски период затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“. Единицата …

По повод Денот на полицијата утре посебен сообраќаен режим во Скопје Read More »

Предизборно ,,чудо” – мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Во предизборниот период мостот Беласица е целосно пуштен за сообраќај и покрај едногодишните натегања меѓу ЕСМ и Град Скопје кој треба да ја заврши таа работа, објави Телма. Последно Град Скопје соопшти дека се чека ЕСМ да ги постави цевките за да може по Беласица да се вози во двете ленти. Но, и без цевките …

Предизборно ,,чудо” – мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај Read More »

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

Во Скопје денеска посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот …

Во Скопје денеска посебен сообраќаен режим Read More »

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ …

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје Read More »

Кинескиот претседател Си Џинпинг утре во посета на Белград, неговата делегација ќе ја чуваат 3.400 полицајци

Кинескиот претседател Си Џинпинг утре доаѓа во официјална посета на Србија, а за неговото доаѓање во српската престолнина се преземени големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци, јавуваат српските медиуми. Како што се наведуваат српските медиуми кинескиот претседател Си ќе го пречекаат српските ловци МиГ-29 кои ќе го следат неговиот авион …

Кинескиот претседател Си Џинпинг утре во посета на Белград, неговата делегација ќе ја чуваат 3.400 полицајци Read More »

Уапсени во Косово руски државјани

Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина. Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 …

Уапсени во Косово руски државјани Read More »

ФОТО: По Аја Софија уште една црква во Истанбул стана џамија

Како што пишува турски „Сабах“, џамијата Карие, која се наоѓа во центарот на Истанбул, по 79 години, денеска, 6 мај, официјално ќе биде отворена за верниците. Како што е најавено, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе присуствува на церемонијата преку телеконференција од Анкара. Kariye Museum, İstanbul, 1971 (Since 2020 the museum- originally Chora Church …

ФОТО: По Аја Софија уште една црква во Истанбул стана џамија Read More »

Заедничка вежба на НАТО, КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција

Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, заедно со Мисијата на Европската унија за владеење на правото, ЕУЛЕКС и полицијата на Косово утре ќе одржат заедничка вежба, насловена „Златна сабја 2024“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на КФОР се вели дека вежбата што ќе се одржи во кампот Врело ќе ги …

Заедничка вежба на НАТО, КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција Read More »

ВИДЕО: Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија, по криминалниот клан се трагало 3 години

Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година. Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж …

ВИДЕО: Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија, по криминалниот клан се трагало 3 години Read More »

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН

Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со францускиот колега Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Париз. На 10 мај се очекува итна специјална седница на Генералното собрание на ОН на тема прием на Палестина во Обединетите нации. Палестина …

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН Read More »

Хамас се согласи за прекин на огнот

Хамас објави соопштение дека го прифаќа египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот. Во соопштението се наведува дека нејзиниот врховен лидер Исмаил Ханије ја пренел веста во телефонски разговор со катарскиот премиер и египетскиот министер за разузнавање. Двете земји посредуваат во повеќемесечните разговори меѓу Израел и Хамас. Сè уште нема коментари од Израел. Претходно денеска Израел …

Хамас се согласи за прекин на огнот Read More »

Русија планира да изврши серија диверзии и напади во Европа, предупредуваат западните разузнавачи

– Специјалните служби на САД и повеќе западни земји ги предупредиле владите на ЕУ дека руските власти подготвуваат разни диверзии на територијата на Европа, објави синоќа лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на претставници на западните раузнавачки служби. Според она што се дознава, Москва спрема акции за подметнување експлозивни направи, пожари и нанесување штети врз европоската инфраструктура …

Русија планира да изврши серија диверзии и напади во Европа, предупредуваат западните разузнавачи Read More »

Ирански активист осуден на смртна казна поради пост на социјални мрежи

Ирански суд го осуди активистот Махмуд Мехраби на смрт поради објавување пораки со критика за Исламската република на социјалните мрежи. Тој бил осуден за кривично дело именувано како „корупција на Земјата“, што се смета за најсериозното дело според иранскиот исламски кривичен законик. Адвокатот на Мехраби, Бабак Фарсани, на 5 мај напиша на социјалните мрежи дека …

Ирански активист осуден на смртна казна поради пост на социјални мрежи Read More »

Шефот на МААЕ, Гроси пристигна во посета на Иран

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска пристигна во посета на Иран, јавија светските агенции, повикувајќи се на локални медиуми. Гроси со претставници на иранските власти ќе разговара за нуклеарната програма на земјата. Тој ќе учествува на меѓународната конференција за нуклеарни науки и технологии и ќе се сретне со „највисоките …

Шефот на МААЕ, Гроси пристигна во посета на Иран Read More »

„Дојче Веле“: На Германија и требаат имигранти, недостига висококвалификуван кадар

Германија се соочува со недостиг на работна сила, особено во висококвалификуваниот сектор, а лани во земјава имало околу 570.000 непополнети работни позиции, пишува денеска „Дојче веле“. Министерот за труд Хубертус Хајл рече дека е загрижен дека до 2035 година на Германија ќе и недостигаат до седум милиони работници од сите квалификации. Во Германија работат 11,5 …

„Дојче Веле“: На Германија и требаат имигранти, недостига висококвалификуван кадар Read More »

Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик

Националниот превозник на Латвија Ер Балтик, двапати неделно ќе лета на линијата Скопје до Рига за време на летната сезона, се до 30 септември. Цената на летовите почнува од 89 евра во еден правец, според тоа што е наведено на сајтот на компанијата. За време на летната сезона ќе има летови и до останати локации, …

Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик Read More »

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД

Израелската влада поднесе жалба против Турција до Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) откако Анкара привремено ја прекина трговијата со Израел поради војната во Газа. Израелскиот министер за економија Нир Баркат во објава на Х го нарече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „антисемитски диктатор“ кој го прекршува меѓународното поморско право и ги нарушува глобалните …

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД Read More »

Светските цени на храната растат втор месец по ред

Светските цени на храната пораснаа втор месец по ред во април, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Во април е забележан благ месечен пораст на цените на месото, растителните масла и житариците, што повеќе од го компензира падот на цените на млечните производи и шеќерот. Светскиот индекс на цените на …

Светските цени на храната растат втор месец по ред Read More »

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење

Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија соопштуваат дека се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донела избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија. Од …

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење Read More »

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски. -Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра …

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски Read More »

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Во Собранието на Северна Македонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката. Добитници се професор доктор Роберт Хадсон и професор доктор Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и доктор Ана …

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката Read More »

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“

Наградуваниот американски романсиер и сценарист Пол Остер почина од компликации предизвикани од ракот на белите дробови во својот дом во Бруклин во вторникот вечерта на 77-годишна возраст, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на пријателот и писател Џеки Лајден. Писателот роден во Њу Џерси е познат по низата признаени дела, од кои „Њујоршката трилогија“, „Левијатан“, „Сансет …

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“ Read More »

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Министерството за култура распиша конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година. Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и …

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ Read More »

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“

На 27 април е третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“. Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја …

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ Read More »