Тешка сообраќајка во „Влае“, едно од возилата е преполовено
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово кај мостот „Влајко“ во скопската населба Влае. Во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното е пресечено на половина. Засега нема информации колку лица се повредени. Сообраќајот во овој дел од градот е отежнат и се пренасочува пред училиштето „Димо Хаџи Димов“, па на улицата „Адолф Циборовски“.