ВИДЕО | Андоновиќ: Војната во Украина како увертира во голем вооружен судир меѓу супер силите на Пацификот?

Јужнокорејската армија ги подигна своите борбени ловци поради упадот на кинески и руски авиони во областа на противвоздушната одбрана на оваа азиска земја, јавуваат агенциите. Според јужнокорејските власти, два кинески бомбардери Х-6 постојано влегувале и излегувале од корејската зона за идентификација на воздушната одбрана во близина на јужниот и североисточниот брег на Јужна Кореја, пренесуваат …

ВИДЕО | Андоновиќ: Војната во Украина како увертира во голем вооружен судир меѓу супер силите на Пацификот? Read More »

Во изборната кампања без одговор останаа прашањата за загадувањето, реагира невладиниот сектор

Неколку невладини организации во чиј фокус се проблемите со загадувањето со внимание ја следат кампањата на партиите за парламентарните избори и поставија неколку прашања до големите партии за нивните ставови за прашањата кои ги засегаат граѓаните и квалитетот во секојдневниот живот. -Не им се зборува многу за загадениот воздух, ниту за дивјачката и често криминална …

Во изборната кампања без одговор останаа прашањата за загадувањето, реагира невладиниот сектор Read More »

Кавадарци се сеќава: Одбележани 33 години од смртта на Сашко Гешовски, војник на ЈНА

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на Југословенската народна армија, прва жртва при распадот на Југославија, се одбележаа денеска во Кавадарци. Беше положено цвеќе на неговиот споменик на градските гробишта, а беше посетена и новата фонтана изградена во негова чест, на кружниот тек што го носи неговото име. Од кавадаречката Музеј …

Кавадарци се сеќава: Одбележани 33 години од смртта на Сашко Гешовски, војник на ЈНА Read More »

Во Струга утре традиционалната литија со моштите на Свети Ѓеоргиј Победоносец

На раскошно украсени епитафи и традиционалните торжества, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, утре ќе ја осветат Струга. Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, по вечерната …

Во Струга утре традиционалната литија со моштите на Свети Ѓеоргиј Победоносец Read More »

АВМУ: Од полноќ изборен молк, престанува медиумското претставување на учесниците во изборната кампања

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк за претседателските и за парламентарните избори, кој ќе трае до 19 часот на 8 мај. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. …

АВМУ: Од полноќ изборен молк, престанува медиумското претставување на учесниците во изборната кампања Read More »

Последен ден од кампањата за претседателски избори, Сиљановска и Пендаровски трчаат во вториот круг

Кандидати за нов претседател на државата во вториот круг од претседателските избори се Гордана Сиљановска Давкова, поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ. Гласањето е в среда на 8 мај, паралелно со парламентарните избори. За претседател е избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе …

Последен ден од кампањата за претседателски избори, Сиљановска и Пендаровски трчаат во вториот круг Read More »

По повод Денот на полицијата утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Во Скопје утре од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одбележување на 7 Мај – денот на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој временски период затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“. Единицата …

По повод Денот на полицијата утре посебен сообраќаен режим во Скопје Read More »

Предизборно ,,чудо” – мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Во предизборниот период мостот Беласица е целосно пуштен за сообраќај и покрај едногодишните натегања меѓу ЕСМ и Град Скопје кој треба да ја заврши таа работа, објави Телма. Последно Град Скопје соопшти дека се чека ЕСМ да ги постави цевките за да може по Беласица да се вози во двете ленти. Но, и без цевките …

Предизборно ,,чудо” – мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај Read More »

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

Во Скопје денеска посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот …

Во Скопје денеска посебен сообраќаен режим Read More »

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ …

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје Read More »

Уапсени во Косово руски државјани

Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина. Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 …

Уапсени во Косово руски државјани Read More »

ФОТО: По Аја Софија уште една црква во Истанбул стана џамија

Како што пишува турски „Сабах“, џамијата Карие, која се наоѓа во центарот на Истанбул, по 79 години, денеска, 6 мај, официјално ќе биде отворена за верниците. Како што е најавено, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе присуствува на церемонијата преку телеконференција од Анкара. Kariye Museum, İstanbul, 1971 (Since 2020 the museum- originally Chora Church …

ФОТО: По Аја Софија уште една црква во Истанбул стана џамија Read More »

Заедничка вежба на НАТО, КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција

Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, заедно со Мисијата на Европската унија за владеење на правото, ЕУЛЕКС и полицијата на Косово утре ќе одржат заедничка вежба, насловена „Златна сабја 2024“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на КФОР се вели дека вежбата што ќе се одржи во кампот Врело ќе ги …

Заедничка вежба на НАТО, КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција Read More »

ВИДЕО: Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија, по криминалниот клан се трагало 3 години

Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година. Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж …

ВИДЕО: Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија, по криминалниот клан се трагало 3 години Read More »

Борут Пахор сериозно се подготвува за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, најави дека неговиот кабинет и Министерството за надворешни работи во Брисел најверојатно следната недела ќе ја достават неговата кандидатура за специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград. Во интервју за РТВ Словенија, Пахор изјави дека има голем број идеи како да се …

Борут Пахор сериозно се подготвува за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина Read More »

Шефот на МААЕ, Гроси пристигна во посета на Иран

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска пристигна во посета на Иран, јавија светските агенции, повикувајќи се на локални медиуми. Гроси со претставници на иранските власти ќе разговара за нуклеарната програма на земјата. Тој ќе учествува на меѓународната конференција за нуклеарни науки и технологии и ќе се сретне со „највисоките …

Шефот на МААЕ, Гроси пристигна во посета на Иран Read More »

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација. Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За продолжување на вонредната состојба во Украина“ и „За продолжување на периодот на општа мобилизација“, пренесува Украинформ. Во образложението на предлог-законот пишува дека се работи за …

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата Read More »

Судија повторно го прогласи Трамп за виновен, му се заканува затворска казна

На поранешниот американски претседател Доналд Трамп му се суди во Њујорк, каде тој е обвинет за фалсификување деловни извештаи со цел да се прикрие исплатата за порноѕвездата Сторми Даниелс непосредно пред изборите во 2016. Ова е првпат во историјата на поранешен претседател на Соединетите Американски Држави да му се суди по кривична пријава, пренесуваат светските медиуми. Во меѓувреме судијата …

Судија повторно го прогласи Трамп за виновен, му се заканува затворска казна Read More »

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина. Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги …

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин Read More »

ВИДЕО: Украинските сили во Доњецк ги изгореа руските тенкови

Вооружените сили на Украина тврдат дека уништиле 42 руски тенкови и воени возила во источниот регион на Доњецк. Се чини дека видеото споделено од 58-та моторизирана бригада на Украина ги прикажува остатоците од возилата. Насловот што го придружува видеото гласи: „Изгледа дека во последниве недели, генералите на Путин им принесуваа голема жртва на нивните пеколни …

ВИДЕО: Украинските сили во Доњецк ги изгореа руските тенкови Read More »

„Дојче Веле“: На Германија и требаат имигранти, недостига висококвалификуван кадар

Германија се соочува со недостиг на работна сила, особено во висококвалификуваниот сектор, а лани во земјава имало околу 570.000 непополнети работни позиции, пишува денеска „Дојче веле“. Министерот за труд Хубертус Хајл рече дека е загрижен дека до 2035 година на Германија ќе и недостигаат до седум милиони работници од сите квалификации. Во Германија работат 11,5 …

„Дојче Веле“: На Германија и требаат имигранти, недостига висококвалификуван кадар Read More »

Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик

Националниот превозник на Латвија Ер Балтик, двапати неделно ќе лета на линијата Скопје до Рига за време на летната сезона, се до 30 септември. Цената на летовите почнува од 89 евра во еден правец, според тоа што е наведено на сајтот на компанијата. За време на летната сезона ќе има летови и до останати локации, …

Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик Read More »

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД

Израелската влада поднесе жалба против Турција до Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) откако Анкара привремено ја прекина трговијата со Израел поради војната во Газа. Израелскиот министер за економија Нир Баркат во објава на Х го нарече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „антисемитски диктатор“ кој го прекршува меѓународното поморско право и ги нарушува глобалните …

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД Read More »

Светските цени на храната растат втор месец по ред

Светските цени на храната пораснаа втор месец по ред во април, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Во април е забележан благ месечен пораст на цените на месото, растителните масла и житариците, што повеќе од го компензира падот на цените на млечните производи и шеќерот. Светскиот индекс на цените на …

Светските цени на храната растат втор месец по ред Read More »

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење

Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија соопштуваат дека се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донела избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија. Од …

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење Read More »

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски. -Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра …

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски Read More »

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Во Собранието на Северна Македонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката. Добитници се професор доктор Роберт Хадсон и професор доктор Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и доктор Ана …

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката Read More »

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“

Наградуваниот американски романсиер и сценарист Пол Остер почина од компликации предизвикани од ракот на белите дробови во својот дом во Бруклин во вторникот вечерта на 77-годишна возраст, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на пријателот и писател Џеки Лајден. Писателот роден во Њу Џерси е познат по низата признаени дела, од кои „Њујоршката трилогија“, „Левијатан“, „Сансет …

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“ Read More »

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Министерството за култура распиша конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година. Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и …

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ Read More »

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“

На 27 април е третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“. Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја …

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ Read More »