Битиќи: Со Законот за социјално претприемништво ќе се дефинираат процедурите и критериумите за социјалните претпријатија
Македонија наскоро ќе добие Закон за социјално претприемништво, кој е во завршна фаза и со него за првпат социјалното претприемништво ќе биде системски регулирано, со јасно дефинирани процедури и критериуми за основање социјални претпријатија, со изградени соодветни финансиски инструменти, најави вицепремиерот Фатмир Битиќи на Форумот за социјално претприемништво во Скопје. Тој додаде дека преку поттикнување …