Гужва на ГП „Богородица“, се чека до еден час

За влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица се чека по еден час. Граѓаните го искористија 1 мај како неработен ден и велигденските празници да прошетаат до Грција. Од АМСМ велат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини пак, од македонска страна, нема …

Гужва на ГП „Богородица“, се чека до еден час Read More »

Митрески: Борбата за работничките права не престанува

Претседател на Собранието, Јован Митрески од име на пратениците и од негово лично име упати честитки до работниците, до синдикатите и до сите граѓани на државава по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, соопшти собраниската прес-служба. – Денешниот датум е уште една можност да се потсетиме дека почитувањето и соодветното вреднување на трудот на …

Митрески: Борбата за работничките права не престанува Read More »

Џафери: Почитувањето и еднаквиот третман на работниците и работничките права е императив

Денес е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, и, покрај честитките, дозволете да изразам и огромна благодарност до сите почитувани работници кои и во овие тешки околности на глобални кризи од здравствен, енергетски и економски аспект, посветено, одговорно и професионално придонесуваат во јакнењето на издржливоста, растот, развојот и конкурентноста на економијата во Република Северна Македонија, …

Џафери: Почитувањето и еднаквиот третман на работниците и работничките права е императив Read More »

Апасиев: На парламентарните избори очекуваме 80 до 120 илјади гласови

Левица очекува двојно да го зголеми резултат од првиот круг на претседателските избори и да освои од 80 до 120 илјади гласови на парламентарните избори со проекција од осум до 12 пратеника зависно од излезноста. На следниот мандатар му порачуваат дека основа за преговарање е македонската Платформа за национално единство. Што повеќе левичарски пратеници во …

Апасиев: На парламентарните избори очекуваме 80 до 120 илјади гласови Read More »

Пендаровски: Човечкиот ресурс е најскапоцен за секоја држава

Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права, напиша претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 1 Мај, Денот на трудот. Според него, …

Пендаровски: Човечкиот ресурс е најскапоцен за секоја држава Read More »

Шојгу наложи да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наложи денеска што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина. „За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана. …

Шојгу наложи да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина Read More »

Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности

На една недела до одржувањето на парламентарните избори и вториот круг на претседателските избори, продолжуваат препукувањата меѓу партиите, а во фокусот се и условите на партиите за постизборните коалицирања. И од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ повикуваат на масовна излезност. ВМРО-ДПМНЕ очекува двојна победа, а од СДСМ порачуваат дека со иднината на државата нема тргување и …

Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности Read More »

Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред

Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, денеска јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Од …

Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред Read More »

Граѓаните да внимаваат при палење оган на отворено, апелира ЦУК

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. -За првомајскиот празник традиционално граѓаните излегуваат во природа и на излетнички места. Апелираме за внимателност при палење оган на отворено за првомајскиот празник, како и секогаш кога се престојува во природа. Ако …

Граѓаните да внимаваат при палење оган на отворено, апелира ЦУК Read More »

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и топло, попладне локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје променливо …

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и топло, попладне локален дожд Read More »