Унаи Емери го продолжи договорот со Астон Вила

Фудбалскиот менаџер на Астон Вила, Унаи Емери, го продолжи договорот со тој клуб до 2027 година, потврдија денеска од англискиот клуб. Емери на клупата на Астон Вила седна во ноември 2022 година кога го наследи Стивен Џерард. Тој водеше тим кој беше на работ на испаѓање на моментално четвртото место во Премиер лигата и е …

Унаи Емери го продолжи договорот со Астон Вила Read More »

Ведран Ќосевски веќе не е голман на Струга Трим Лум

Ведран Ќосевски повеќе нема да биде дел од фудбалскиот клуб Струга Трим Лум. И покрај договорот на голманот што важеше до летото 2027 година, истиот беше раскинат со заедничка согласност. Ќосевски како прв чувар на мрежата во текот на оваа историска ера на Струга ТЛ, засекогаш ќе биде познат како клучна фигура во заедничките успеси …

Ведран Ќосевски веќе не е голман на Струга Трим Лум Read More »

У19: Македонските фудбалери ја совладаа Босна и Херцеговина и во Струмица

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина во вториот пријателски натпревар одигран во Струмица. Најголемите возбудувања во првиот дел се случија после 30 минути игра. По половина час игра, беше досуден пенал за Македонија. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Стефан Младеновски кој успеа да ја донесе …

У19: Македонските фудбалери ја совладаа Босна и Херцеговина и во Струмица Read More »

ВИДЕО | Мароко е првата африканска репрезентација која обезбеди учество на Мундијалот 2026

Мароко е првата африканска фудбалска репрезентација што се квалификуваше за Светското првенство следната година во САД, Канада и Мексико. Во петокот, Мароканците убедливо го победија националниот тим на Нигер со 5-0 во квалификациски натпревар и го обезбедија првото место во Групата Е. Мароканците го искористија исклучувањето на Абдел-Латиф Гумеи во 26 минута и водеа со …

ВИДЕО | Мароко е првата африканска репрезентација која обезбеди учество на Мундијалот 2026 Read More »

ВИДЕО | Вардарецот Мато блесна против Мозамбик: Двапати стрелаше, еден беше еврогол

Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, одигра одличен натпревар во дресот на својата репрезентација и беше главен актер во убедливата победа на Уганда над Мозамбик со 4:0, во квалификациски натпревар за Светското првенство. Мато беше вистински лидер на теренот, постигна два гола и диригираше со играта на „жолтите“, кои сите погодоци ги постигнаа во второто полувреме. …

ВИДЕО | Вардарецот Мато блесна против Мозамбик: Двапати стрелаше, еден беше еврогол Read More »

Луис Енрике паднал од велосипед и сериозно се повредил, ќе оди на операција

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, доживеал несреќа додека рекреативно возел велосипед, пренесуваат француските медиуми. Инцидентот се случил во текот на денешниот ден, а по падот, шпанскиот стратег веднаш добил медицинска помош. Првичните прегледи покажале дека се здобил со скршеница на клучната коска, поради што ќе мора да биде подложен на оперативен зафат. Засега …

Луис Енрике паднал од велосипед и сериозно се повредил, ќе оди на операција Read More »

ВИДЕО | Германија нов четвртфиналист на Евробаскет, кобен финишот за Португалија

После Турција, и кошаркарската репрезентација на Германија обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство. Денеска во летонскиот град Рига германските репрезентативци со резултат 85:58 ја елиминираа селекцијата на Португалија. Во првите три четвртини не се најавуваше таков убедлив пораз на Португалците чија игра целосно се распадна во последните 10 минути од натпреварот. Neemias Queta 🇵🇹NBA: …

ВИДЕО | Германија нов четвртфиналист на Евробаскет, кобен финишот за Португалија Read More »

Џордан Скипер Браун е најновото засилување на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со екипирање на играчкиот ростер откако потпиша договор со уште едно американско засилување. Станува збор за Џордан Скипер Браун, Американец кој настапува на позицијата крилен центар и треба да даде цврстина во рекетот во одбраната, но и да биде значајна опција плус во нападот. Овој 27-годишен кошаркар по настапите во НЦАА-лигата …

Џордан Скипер Браун е најновото засилување на КК Пелистер Read More »

ВИДЕО | Турција се мачеше против Шведска – спречен е најголемиот шок на Евробаскет

Турската кошаркарска репрезентација е првиот четвртфиналист на Европското првенство, откако во летонскиот град Рига денеска ја победи Шведска во осминафиналната фаза со 85:79 (20:23, 17:19, 26:13, 22:24). Турците, кои завршија на првото место во групата А, се мачеа да се пласираат меѓу првите осум, што го покажува и конечниот резултат. Натпреварот беше решен во последните …

ВИДЕО | Турција се мачеше против Шведска – спречен е најголемиот шок на Евробаскет Read More »

Голема промена на Ол-стар мечот во НБА лигата, Американците против остатокот од светот

НБА Ол-стар натпреварот би можел да добие сосема нов формат почнувајќи од 2026 година, во кој ќе се соочат тимови составени од играчи од Соединетите Американски Држави против тим на светот, објави новинарот на ЕСПН, Шемс Чаранија. Планот наводно е да учествуваат три тима од по осум играчи – два тима од американски кошаркари и …

Голема промена на Ол-стар мечот во НБА лигата, Американците против остатокот од светот Read More »

ВИДЕО | Ненад Димитријевиќ блескаше во победата на Зенит против Мерсин

Кошаркарскиот клуб на Зенит од Русија е на подготовки во Турција каде се подготвува за предизвиците во новата натпреварувачка сезона. Едно од новите засилувања ова лето за Зенит беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој веќе ги игра и првите натпревари за рускиот клуб. Во контролниот меч и победата над турскиот Мерсин од 84:82 нашиот плејмејкер …

ВИДЕО | Ненад Димитријевиќ блескаше во победата на Зенит против Мерсин Read More »

РК Алкалоид сака да ја поправи сликата на реваншот против Хановер-Бургдорф

Ракометниот клуб Алкалоид е во исчекување на реваншот против бундеслигашот РК Хановер-Бургдорф во рамки на квалификациите во Европската лига на ЕХФ. Првиот меч од битката за место во групната фаза во Германија заврши со победа на Хановер-Бургдорф (37:27) и играчите на тренерот Кирил Лазаров се пред мисија да се надополни тој минус, за место во …

РК Алкалоид сака да ја поправи сликата на реваншот против Хановер-Бургдорф Read More »

Вардар 1961 со победнички старт во Супер лигата, Јапонецот Кавада прв стрелец

Во својот прв натпревар еден од фаворитите за титулата во домашната Супер лига, ракометарите на Вардар 1961 триумфираа на гости против Струга со 38:25. После првото полувреме играчите предводени од тренерот Иван Чупиќ имаа позитива од 20:11. Јапонскиот среден бек на скопските „црвено-црни“, Харуки Кавада беше најефикасен со девет голови, следен од Ален Ќосевски со …

Вардар 1961 со победнички старт во Супер лигата, Јапонецот Кавада прв стрелец Read More »

Еурофарм Пелистер со триумф над Бутел Скопје ја почна сезоната во Супер лигата

Денеска во својот прв натпревар од новата сезона во најдобрата македонска ракометна Супер лига актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на гости со 29:20 триумфираше над Бутел Скопје. После првото полувреме играчите на тренерот Рубен Гарабаја имаа предност од 16:10. За тимот од Битола прв стрелец беше Петар Атанасијевиќ со 10 голови, а Мирче Калајџиоски реализираше четири. …

Еурофарм Пелистер со триумф над Бутел Скопје ја почна сезоната во Супер лигата Read More »

Ѓоргиев: Негативата е голема, но нема да се откажеме во ниеден момент против Хановер

Ракометниот клуб Алкалоид одржа прес-конференција на која го најави реваншот со бундеслигашот РК Хановер-Бургдорф во квалификациите за Европската лига на ЕХФ. Во првиот меч одигран во Германија, екипата на Хановер-Бургдорф славеше со 37:27. Натпреварот ќе се игра во сабота со почеток од 19.30 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје, а ќе биде посебен момент за …

Ѓоргиев: Негативата е голема, но нема да се откажеме во ниеден момент против Хановер Read More »

Николов и Начевски ќе го судат дербито во првото коло на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите. Македонската елитна судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ќе имаат чест да го делат правдата на еден од дерби-дуелите во групата Б, каде што настапува и Еурофарм Пелистер. Нашите најдобри арбитри се делегирани на мечот помеѓу унгарскиот …

Николов и Начевски ќе го судат дербито во првото коло на ЛШ Read More »

Алекс Маркез ја освои пол позицијата за Големата награда на Каталонија

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, денеска ја освои пол-позицијата за спринтот и главната трка на Големата награда на Каталонија во Мото ГП шампионатот. Алекс Маркез ја освои својата прва пол-позиција оваа сезона на патеката Каталуња со време од 1:37.536 минути. Втор беше возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, кој беше 0,267 секунди зад победникот во квалификациите. …

Алекс Маркез ја освои пол позицијата за Големата награда на Каталонија Read More »

Гасли го продолжи договорот со Алпин до крајот на 2028 година

Францускиот возач од Формула 1, Пјер Гасли, го продолжи договорот со Алпин до крајот на 2028 година. Гасли се приклучи на францускиот тим во 2023 година и имаше договор за 2026 година, но денеска ја продолжи соработката за уште две години. Веста беше објавена во Монца, каде што се одржува Големата награда на Италија овој …

Гасли го продолжи договорот со Алпин до крајот на 2028 година Read More »

Ѓоковиќ: Фрустрирачки е на теренот кога не можеш да издржиш физички, но тоа доаѓа со годините

Најдобриот тенисер на светот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше елиминиран во полуфиналето на Отвореното првенство на САД. Србинот беше поразен од Шпанецот Карлос Алкараз во Њујорк со 3:0, во сетови 6:4, 7:6(4), 6:2, а во финалето на третиот последователен грен слем, Алкараз ќе игра против Италијанецот Јаник Синер. Ѓоковиќ даде сè од себе, но …

Ѓоковиќ: Фрустрирачки е на теренот кога не можеш да издржиш физички, но тоа доаѓа со годините Read More »

ВИДЕО | Синер обезбеди финале на САД опен за нов спектакл со Алкараз

Јаник Синер се пласираше во финалето на Отвореното првенство на САД откако го победи Канаѓанецот Феликс Оже Алијасим со 6-1, 3-6, 6-3, 6-4 во полуфиналниот меч. Италијанскиот тенисер ќе се соочи со Карлос Алкараз од Шпанија во недела од 20.00 часот по македонско време во обид да го одбрани тронот на последниот грен слем во …

ВИДЕО | Синер обезбеди финале на САД опен за нов спектакл со Алкараз Read More »

Ѓоковиќ сепак не можеше против младоста на Алкараз, Шпанецот ќе игра финале

Младиот шпански ас Карлос Алкараз ја доби полуфиналната битка со Новак Ѓоковиќ со 3-0 (6-4, 7-6, 6-2) во сетови и ќе игр во финалето САД Опен. Првиот сет мина во тесна борба, но Алкараз беше тој што ја искористи својата шанса и го освои со сетот 6-4. Ѓоковиќ тргна одлично во вториот сет и поведе …

Ѓоковиќ сепак не можеше против младоста на Алкараз, Шпанецот ќе игра финале Read More »