ФОТО: Во Зоолошката градина Скопје се роди алпака

Зоолошката градина Скопје доби нов жител. Алпаката Фелиција вторпат стана мајка, а Дина која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, велат од Зоолошката.   ФОТО | Во скопската зоолошка се роди првото бебе алпака: Фелиција стана мајка на прекрасната Дина

Во општина Центар се инсталира смарт јавно осветлување близу училишта, градинки, паркови и шеталишта

Денеска започна инсталирањето на Тип 2 светилките кои се дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. Тип 2 светилките ќе бидат инсталирани на споредни улици низ целата општина односно близу основни училишта, градинки, паркови, шеталишта итн. Од овој тип светилки ќе бидат инсталирани вкупно 2.637 парчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека Општина …

Во општина Центар се инсталира смарт јавно осветлување близу училишта, градинки, паркови и шеталишта Read More »

Утре ЈСП ќе вози по неделен возен ред.

Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Од …

Утре ЈСП ќе вози по неделен возен ред. Read More »

Во тек е изградбата на подземната инфраструктура на булеварот „Хрватска“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП Водовод и канализација Скопје и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, денеска извршија увид во реализацијата на првата фаза на проектот за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар „Хрватска“, која опфаќа и нова водоводна мрежа. Во оваа фаза од изградбата на …

Во тек е изградбата на подземната инфраструктура на булеварот „Хрватска“ Read More »

ФОТО: Во Зоолошката градина Скопје се роди двогрба камила

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан. – Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 3 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, пишуваат од Зоолошката …

ФОТО: Во Зоолошката градина Скопје се роди двогрба камила Read More »

Во Драчево осветен 63 метарски крст, втор по големина во Македонија

На верскиот празник Цветници, во пресрет на Велигден, денеска беше осветен крстот во Драчево, висок 63,5 метри и е втор по големина во државата. Церемонијата на осветување на крстот ја предводеше поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. На настанот присуствуваат градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, како инвеститор на …

Во Драчево осветен 63 метарски крст, втор по големина во Македонија Read More »

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на најпознатиот македонски драматург Горан Стефановски, преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“ на културно-музичкиот настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“ по повод неговиот роденден. Присутните ја проследија и промоцијата на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф- др. Иван Додовски, а …

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски Read More »

Ќе прсне ли наскоро вода од фонтаната на градски плоштад?

Конечно се тргна искинатата церада од фонтаната „Воин на коњ“ и започнаа подготовките за нејзино пуштање во функција. Кога тоа ќе се случи, засега е неизвесно, затоа што на тоа прашање не одговараат ниту од Град Скопје, ниту од ЈП „Водовод и канализација“, претпријатието надлежно за одржување на фонтаните. Минатата година фонтаната накратко беше пуштена …

Ќе прсне ли наскоро вода од фонтаната на градски плоштад? Read More »

Скопјани најдобро е да одат пешки – автобусите се нередовни, а ретко кој таксист вози во сообраќајниот шпиц

Во услови кога јавниот автобуски превоз не функционира според потребите на граѓаните, односно на некои линии возилата се нередовни, па се чека и половина час, граѓаните што како алтернатива ги користат услугите на таксистите се жалат дека во Скопје тешко се наоѓа такси и вистинска среќа е диспечерот да ви соопшти дека има слободно возило. …

Скопјани најдобро е да одат пешки – автобусите се нередовни, а ретко кој таксист вози во сообраќајниот шпиц Read More »

Без струја неколку скопски општини

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Кожле, Тунел Катланово и селото Бадар во Општина Петровец. Во периодот од 09:00 …

Без струја неколку скопски општини Read More »