Виц на денот: Фирма

Јас се викам Борче и со жена ми Верица сме сопственици на фирма за производство на мебел. – А како ви се вика фирмата? – Борче иВерица…

Инстант привлечност: Еве зошто некои луѓе ни се допаѓаат на прв поглед

Истражувањата покажуваат дека е потребно помалку од една секунда по средбата со некоја личност за да одлучиме колку ни се допаѓа таа личност и дали нè привлекува или не, пишува „Јор танго“. За некои, привлечноста се појавува по долгогодишно пријателство. Одеднаш, вашиот колега или близок пријател може да ви изгледа неверојатно привлечно, вели сексуалната терапевтка …

Инстант привлечност: Еве зошто некои луѓе ни се допаѓаат на прв поглед Read More »

Виц на денот: Диета

Две плавуши се сретнуваат на улица: – Леле, колку си ослабела! Нова диета? – Да, моркови, компири, цвекло. – Ги вариш или ги печеш? – Ги копам!

Виц на денот: Пикник

Пет војници, пет пожарникари и пет полицајци отишле на пикник во шумата. По некое време, војниците рекле: – Ние одиме во лов на зајаци. Отишле. Се вратиле за еден час и носат еден зајак од пет килограми. Пожарникарите и полицајците ги фатила завист. По некое време пожарникарите рекле: – И ние одиме во лов на …

Виц на денот: Пикник Read More »

Виц на денот: Ехо

Планинареле Македонец, Американец и Кинез се качиле на некој врв и нашиов прв почнал да вика: – Теее саакааам!!! И низ планината одекнало: – Теее саакааам, теее саакааам… Американецот извикнал: – I loove yoouuu!!! А, ехото одговорило: – I loove yoouuu, I loove yoouuu… Кинезот извикал: – 我愛你!!! А, ехото: — Кааакоооооо?!

Виц на денот: Прв поглед

Блажо го прашува Трпе: – Трпе, дали веруваш во љубов на прв поглед? Трпе му одговара: – Па секако дека верувам, што мислиш ти, дека ќе ја оженев Трпана ако ја погледнев двапати!

Виц на денот: Пушење

Пациент оди кај лекар: – Докторе толку многу кашлам, дури не можам ни да дишам како што треба… – Пушиш ли? – Да! – Епа откажи ги цигарите! Во истиот момент докторот пали цигара и почнува да пуши. – Ама докторе и вие пушите! – Пушам ама не одам да досадувам по лекари!

Виц на денот: Газда

Маж и жена се расправаат во ресторан. Мажот удира на масата и прашува: – Кој е овде газда во куќата? Жената му удира шлаканица, а тој вели: – Па, само прашав.

Четири мали навики кои можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Неколку клучни навики можат значително да влијаат на врската и односот со партнерот, а со текот на времето треба да се регулираат и да се намалат во најмала можна мера, пишува „Јортанго“. Упаѓање во збор Една студија истакнува дека ова е дури и еквивалентно на покажување моќ и всушност ја оштетува интимноста. Разговарајте за работи …

Четири мали навики кои можат да предизвикаат големи проблеми во бракот Read More »

Виц на денот: Колач

Трпана задоволна му вели на Трпе: – Миличок, ти направив колач со малини, но немав малини, па ставив јаболка. Трпе ѝ возвраќа: – Нема проблем, јас ќе те носам на одмор во Шпанија – на Треска.