• Хроника

Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Две лица се тешко повредени, од кои и малолетник во сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Охрид-Ресен. „На 28.04.2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(31) од селото …

Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот Охрид-Ресен Read More »

Скопјанец однесен во охридската болница повреден со остар предмет, тврдел дека сам се повредил

Скопјанец со повреди од остар предмет вчера бил однесен во охридската болница, а на полицијата тврдел дека сам се повредил. „На 28.04.2024 година во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид со телесна повредa од остар предмет бил донесен С.Х.(33) од Скопје. Според негово кажување тој самиот се повредил“, …

Скопјанец однесен во охридската болница повреден со остар предмет, тврдел дека сам се повредил Read More »

Четворица Американци нападнале полицајци во Кисела Вода

Четворица Американци биле приведени вчера наутро откако агресивно се однесувале кон полициски службеници. „На 27.04.2024 во 05.00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје ги привеле К.Т.Ц.(27), А.Ј.М.(25), Д.М.(24) и М.А.Ј.(24), сите од САД, поради тоа што го нарушиле јавниот ред и мир со вербална расправија која преминала во физичка пресметка, …

Четворица Американци нападнале полицајци во Кисела Вода Read More »

Србин измамен во Скопје, за лажна сообраќајка му земале 300 евра

Во Полициска станица во Скопје вчера 63-годишниот С.А. од Србија пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10:30 часот на подрачјето на Центар. -Според пријавеното, едното лице се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на …

Србин измамен во Скопје, за лажна сообраќајка му земале 300 евра Read More »

МВР: Уапсен 32 годишен дилер од Штип

МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од градот Штип. При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага. …

МВР: Уапсен 32 годишен дилер од Штип Read More »

Разбојникот кој со автомат ограби казино во Лешок е полициски службеник

Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил полициски службеник, информираат од МВР за МКД.мк. „Станува збор за полициски службеник. Случајот е расчистен, поднесена е кривична пријава, а преземени се мерки и од Одделот за внатрешна контрола и ќе биде изготвен извештај, предлог за утврдување на дисциплинска одговорност и за …

Разбојникот кој со автомат ограби казино во Лешок е полициски службеник Read More »

Малолетник силувал малолетно девојче во Струмица

Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица. Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување. …

Малолетник силувал малолетно девојче во Струмица Read More »

Две лица повредени во сообраќајка на патот Валандово-Струмица

Две лица се повредени во сообраќајка на патот Валандово-Струмица. Сообраќајката се случила ноќта меѓу среда и четврток, околу 00.25 на место викано „Валандовско брдо“. Во несреќата учествувале автомобил „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Т.(31) од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) од Струмица. Во несреќата со тешки …

Две лица повредени во сообраќајка на патот Валандово-Струмица Read More »

ВИДЕО: Пожар избувна во куќа зад Универзална сала

Пожар избувна пред малку во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала. Пожар зад Универзална сала pic.twitter.com/zx0ffS9O5O — Oliver Noveski 🎗 (@olivermk) April 26, 2024 На терен се две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош. Засега не е познато дали има повредени. pic.twitter.com/jzGMCuePj2 — Oliver Noveski …

ВИДЕО: Пожар избувна во куќа зад Универзална сала Read More »

Во тешка сообраќајка загина 20-годишно момче од Прилепско

Дваесетгодишно момче го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Македонски Брод-Прилеп. „Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со …

Во тешка сообраќајка загина 20-годишно момче од Прилепско Read More »